Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Нема преговори со Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот, вели Борисов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
borisov

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов истакна дека нема да има преговори со Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено во македонскиот Устав.

Борисов на социјалните мрежи напиша дека остварил средба со претставници на бугарското малцинство во Северна Македонија кои му кажале дека се чувствуваат како фантоми затоа што претседателот и премиерот ги третираат како да не постојат.

— реклама —

„На присутните им кажав дека гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде наведено како такво во Уставот. Тие знаат дека нашата поддршка како владејачка партија или опозиција зависи од признавањето на бугарското малцинство. Веднаш се договорив на истата тема со Еди Рама, истото го очекувам и од Зоран Заев. За Северна Македонија и Албанија е исклучително важно да бидат во Европската Унија!“, пишува Борисов.

— реклама —

Тој рече дека Бугарија во последните месеци западнала во меѓународна изолација, а демократските земји се смеат на нивната слаба дипломатија. Бугарија се тресе од скандали, вели Борисов, наместо да дебатира за важни теми како што се односите со Северна Македонија и кризата со Ковид-19.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања