Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

„Нема рекострукција на владата засега, фокусирани сме партискиот конгрес“: Премиерот рече да не им се верува на шпекулациите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3r08te71nhftclSMcYi

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека реконструкција на Владата засега ќе нема, а испразнетите ресори со кои раководеше вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе бидат пополнети.

— реклама —

Во однос на информациите дека по заминувањето на Меџити како градоначалник на општина Чаир, коалицискиот партнер ВРЕДИ го предложил Беким Сали за прв вицепремиер и оти за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг, Мицкоски рече дека тоа е одлука на коалицискиот партнер и оти не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет.

Јас имам високо мислење за Беким Сали. Апсолутно, тука не треба да имаме никаква дилема. Но тоа не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на нов Културен дом во општина Петровец.

Во однос на прашањето за реконструкција на Владата, тој посочи дека се фокусирани на редовниот партиски конгрес, што ќе се одржи на 6. декември во Кавадарци, но и дека реконструкција на влада не се прави само заради реконструкција. Рече дека ако тоа се прави, треба да се размисли новото кадровско решение да биде подобро од претходното.

— реклама —

Во меѓувреме, додека сето тоа, трае ќе размислуваме за одредени кадровски поместувања во рамките на владата. Јас сум подготвен со секој да разговарам. Апсолутно, тука нема никаква дилема во рамките на коалицијата. Но се разбира, мандатар сум јас. Така што, нормално е дека последниот збор, како мандатар на Владата, ќе го имам јас, рече Мицкоски.

Тој повтори да не им се верува на шпекулациите за смена на одредени министри и очекува наскоро за испразнетите кадровски места да добие имиња.

– Да видиме дали тие имиња апсолутно се во рамките на тие што очекувам да бидат. И тие имиња да ги пополнат испразнетите места во Владата и институциите. Ова ќе биде процес кој што ќе трае, нема да биде од денес за утре. Ќе повторам реконструкција како реконструкција нема да значи ништо ако реконструираме некој и донесеме после, како што беше пракса во минатотот. Секој кој треба да замени треба да понуди подобра програма, подобри перформанси за да имаме подобра испорака. Ако ставиме име што нема да има подобра програма, нема подобри перформанси и подобра испорака за бадијала сме направиле реконструкција не е суштината на реконструкцијата, посочи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

lence-press

Откако премиерот Мицкоски ја нарекол Ленче Ристоска „медиокритет“, Советот на јавни обвинители отвори постапка

Македонија | пред 6 дена

media-library179b9vas9u5h16Z0RF0

Мицкоски: „Бугарите во устав не е единственото барање, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет“

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym5j03b45n1r4dJrK9h0

Премиерот Мицкоски заедно со семејството на бадниковата вечера: „Паричката од бадниковото лепче се падна кај мене“ - изјави Мицкоски

Македонија | пред 1 седмица

media-library7donej5sva9k7GSNeLR

Мицкоски: „Софија го блокира Акциониот план за малцинства затоа што е напишан на македонски“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања