Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес: Драмите, стенд-ап комедијата, Македонците и зависностите со „1Човек“ и „Син на мајка“

Нема трага од Македонецот Стивен Ивановски: проверени болници во Швајцарија, надежта сега е во Франција и Италија

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryikqov6kcgh3sd52KFU4
Скопје1.мк

Нема никакви нови информации за судбината на младиот Стивен Ивановски, кој исчезна за време на катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, потврдува блиска роднина за „Скопје1“. Тие се надеваат дека ќе го најдат во болниците во Франција и Италија, бидејќи низ болниците во Швајцарија го нема.

„Сè уште немаат никакви информации. Семејството живее и работи таму повеќе од 20 години. Проверени се болниците низ Швајцарија и го нема. Се надеваат дека можеби ќе се појави информација од болниците во Франција и Италија“, вели роднината за „Скопје1“.

Од МНР вчера потврдија дека кај нив е пријавено дека се трага по Стивен, а посочија и дека отворени се телефонските линии од амбасадата за секого кој има потреба од помош.

— реклама —

Стивен последен пат бил виден во новогодишната ноќ, кога избувна пожарот во барот, во кој загинаа десетици лица, а стотици беа повредени. Од тој момент, од него нема никаква трага.

Според апелите што ги објавија неговите најблиски на социјалните мрежи, во моментот на исчезнувањето Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер, а постои можност со себе да ги имал и препознатливите очила за сонце што се гледаат на фотографиите кои кружат на интернет.

— реклама —

Семејството и пријателите упатуваат итен повик до сите кои можеби го виделе Стивен, имаат каква било информација за него или знаат дали бил примен во некоја од болниците во Женева, Цирих или во други европски земји, веднаш да се јават на следните телефонски броеви:

  • 076 415 0868

  • 076 385 7165

  • 078 229 5745

„Братучед ми е исчезнат во пожарот во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот што го споделуваат неговите најблиски.

— реклама —

Во меѓувреме, болниците во регионот на кантонот Вале и понатаму се под силен притисок поради големиот број повредени. Претседателот на кантонот, Матијас Рејнар, утринава за швајцарските медиуми изјави дека значителен дел од медицинскиот персонал доброволно се вратил на работа за време на слободните денови, а во тек се разговори за ангажирање дополнителни специјалисти за лекување на изгореници од Франција.

Семејството на Стивен Ивановски, и по неколку дена неизвесност, сè уште се надева дека ќе се појави каква било трага што ќе помогне во неговото пронаоѓање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Два активни пожари на отворен простор во Гази Баба и Прилеп

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Гори плац со хаварисани возила во Тетово, густ чад се шири во околината

Македонија | пред 4 дена

media-library2s8eoel3q0v59rmnTwF

Денеска регистрирани 19 пожари на отворено, активни се уште 10

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfqb5bbcc2flk5RmNtwX

20 пожари во 24 часа: Изгаснати 19, еден под контрола кај Белица

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања