Промени тема
Контакт

„Немам видено пациентка со спастична параплегија што така свежо изгледа и стои исправено на двете нозе на ТВ“: Професор по медициснки основи на инвалидност за Ива Михаилова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryrejk63bhmitj3vn4K03
Илустрација / Скопје1

Владимир Трајковски, професор на Филозофскиот факултет кој предава предмет поврзан со медицинските основи на инвалидноста, реагираше на телевизиското појавување на Ива Михајлова, оценувајќи дека не забележува знаци на спастична параплегија.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Трајковски посочи дека во текот на својата професионална кариера не сретнал пациент со оваа дијагноза кој изгледа како Михајлова во нејзиното телевизиско гостување.

— реклама —

„Како професор што предава Медицински основи на инвалидноста, во целата своја кариера немам видено пациентка со спастична параплегија што така свежо изгледа и стои исправено на двете нозе на ТВ како бегалката Ива Михајлова“, наведува Трајковски.

— реклама —

Тој додава дека не знае какви знаци и симптоми имала Михајлова при прегледот на Клиниката за неврологија пред неколку месеци, но тврди дека во моментот не забележува знаци на спастична параплегија.

Неговата изјава се однесува на личната процена врз основа на телевизиското појавување, а во објавата не се наведени медицински наоди врз кои би можела да се потврди нејзината здравствена состојба.

media-library1an32j1ig210aDorwHo

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library52umueo6j1036LGRPgm

„Очигледно лажира медицински извештаи за да се спаси од кривична одговорност“, вели Николоски за Ива Михаилова

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarycbkr9j5ev3n57fvbKbh

„А што очекувате, да признаат дека учествувале?“ – Мицкоски за негирањето од Софија дека учествувале во бегството на Ива Михаилова

Македонија | пред 1 час

media-library95rk72efoos8dXpRxxE

(Видео) „Кога тогаш, ќе одговараат! Ве гледам во очи и ви кажувам“, рече Мицкоски за Ива Михаилова и татко ѝ, па ја повика Бугарија да ги врати

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Бараме Бугарија да направи екстрадиција на Михаилова

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања