ВМРО-ДПМНЕ нема покана за да биде дел од работните групи со Бугарија. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, посочува дека и да бидат поканети, нема да учествуваат.
„Еве на јавноста, на медиумите, на сите да им соопштам дека таква покана ВМРО-ДПМНЕ нема. А, доколку стигне, нема да учествуваме само за да би биле декоративен елемент на власта и да дадеме легитимитет на нивното погрешно функционирање. Онаму каде што власта треба да земе учество и каде што опозицијата односно ние упорно ги каниме да дојдат и да одговараат на прашања и ги бараме одговорите на тие прашања, тоа е Комисијата за надворешни работи каде што министерот Бујар Османи упорно бега да даде одговори и не учествува во истата. Претходно истото беше случај со Никола Димитров, а сега е со Бујар Османи. Така да еве повик јавно Бујар Османи да земе учество во таа Комисија за надворешни работи во Собранието на иницијатива на нашиот сопартиец Антонијо Милошоски и да одговори на сите прашања кои што ги бара јавноста, граѓаните, опозицијата и сите останати чинители во Република Македонија“, вели Арсовски.