Промени тема
Контакт

Немаме потреба од одбрана, туку од мудрост, вели Стефоска на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Nastan_Blaze_Koneski-1

Блаже Конески, тој тивок и кроток човек, добиваше строг лик со кој до крајот го бранеше секој збор, секоја буква од македонската азбука, рече министерката за култура, Ирена Стефоска, синоќа на завршната манифестација со која се заокружи чествувањето на „2021 – година во чест на Блаже Конески“.

Стефоска во своето обраќање, цитирајќи го лингвистот Трајко Стаматоски, додаде дека Конески во толкувањето на фактите настојуваше да биде и да остане непристрасен, се залагаше да завладее на пошироките балкански простори поинаков дух во поимањето на работите. Тој оформи национален, а не националистички пристап во проучувањата.

„Зашто одбраната на посебноста на македонскиот јазик за Конески е света работа и должност: „не е тоа јазик создаван под никаков диктат и на тие што, удирајќи против нашиот јазик, лицемерно тврдат дека не работат против нашата нација, ние ќе им одговориме дека прават нешто повеќе: посегаат во светаја светих на македонскиот народ“.

На еден од тие циклични напади еднакви на опсесија Конески одговара: „На тие што од високо би сакале да погледаат на нашиот јазик, можеме да им речеме само: Ваша работа!“, нагласи Стефоска.

— реклама —

Додаде дека минатата година беше стогодишнина од раѓањето на Славко Јаневски, оваа – 100 години од Блаже Конески, а во 2023 – еден век од раѓањето на Ацо Шопов.

— реклама —

„Сите тројца, основачи на Македонската академија на науките и уметностите, и сите тројца со мисија да ни остават силен македонски збор и како благослов и како аманет. Зашто мајчиниот јазик на човека му е и првата и последната мисла“, заврши министерката за култура.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во своето обраќање додаде дека јазикот, уметноста и културата ја даваат смислата на нашите животи и постоење.

— реклама —

„Тие се конецот што ги преплетуваат минатото, сегашноста и иднината. Нашиот голем книжевник, академик Блаже Конески, целиот свој талент го посветил и насочил токму во унапредувањето на македонскиот јазик и неговата кодификација, со што придонел да се најдеме во големото семејство светски признати јазици. Делото на Блаже Конески е аманет што секој од нас има обврска да го чува и негува за што е потребна и лична одговорност, но и институционален пристап“, додаде Царовска.

Во присуство на покровителот на националната програма „2021 – година во чест на Блаже Конески“, Стево Пендаровски, и други гости, Оркестарот на Филхармонијата, баритонот Горан Начевски и маестро Дијана Имери-Илкоска изведоа дела на двајца великани на македонската современа музика – Томислав Зографски и Тодор Скаловски, во оркестрација на Ангел Спироски. Беше претставена и изложбата на илустрации пристигнати на конкурсот објавен од Факултетот за ликовни уметности за изработка на јубилејната книга „Блаже Конески – поезија и кратка проза“, во издание на Струшките вечери на поезијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања