Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Неодговорноста и неспособноста на владата ја плаќаат граѓаните, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vlada-zname-nato

Заевизмот продолжува да го урива стандардот на граѓаните. После поскапувањето на струјата за над 15% денес испорачаа ново поскапување. Денес со одлука на послушникот Бислимовски на граѓаните на Скопје покачена е цената на парното греење за дополнителни 14%, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес конференцијата на Марко Бислимовски

— реклама —

„Во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, кога цените на производите во маркетите пораснаа до небо, сега се испорачува ново поскапување кое ќе удри по џебот на народот.

— реклама —

Иако ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше пред неколку месеци дека ќе дојде до ваков ценовен шок и поскапување на парното, Владата на Заев не презеде ништо. Сега неодговорноста и неспособноста на владата треба да ја плаќаат граѓаните.

Дополнително власта во декември при носењето на Буџетот за 2022 година го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се обезбедат 250 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија на граѓаните и компаниите за да се спречи дополнителен ценовен шок и инфлација и да се обезбедат пари за сите општини кои од почетокот до па се до крајот на енергетската криза се соочиле со раскинување на договорите од страна на снабдувачите односно да се покрие разликата меѓу првично склучениот договор и моменталната цена на електричната енергија.

— реклама —

Да биде уште потрагично сега Бислимовски бара Градот Скопје да помага, а само пред неколку месеци поради Регулаторната комисија Градот и останатите општини самите се соочуваат со 5-6 пати повисоки сметки за електрична енергија и самите едвај успеваат да ги покријат трошоците. На сето тоа уште и го заглавија Градот Скопје со долг од над 160 милиони евра поради неодговорноста на Шилегов.

— реклама —

Ова е лицемерието на заевизмот кое народот скапо го плаќа од свој џеб“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања