Промени тема
Контакт

Неофицијално: Зaев ќе прифати дел од барањата на албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zoran_Zaev

Премиерот Зоран Заев прифатил дел од барањата на Касами, по претходна консултација со пратеници и владата.

Нашите извори, неофицијално велат дека станува збор за прифаќање националноста Албанец да влезе во преамбулата на Уставот. Пазарењето со албанската опозиција трае долго. Касами и Села се децидни во врска со овие барања.

Иако Касами претходно кажа дека нема да уценуваат, сепак, условена беше нивната поддршка и со помош на ова ќе добијат позитивен одговор на барањата.

— реклама —

Беса за амандвамите бара изедначување на македонците и албанците на сите нивоа во државата. Во првиот амндман бара измена во преамбулата на уставот односно македонската и албанската да бидат етничка заедница, да бидат одвоени и на исто ниво, од другите етнички заедници. Воедно бара и официјализирање на албанскиот јазик на цала територија.

Вториот амандман е да се избрише 20 % и да се замени со албански јазик.

— реклама —

Бесе поднесе и амандман со кој бара во делот на државјанство за албанците да пишува дека се граѓани на Р Севена Македонија, а за македонците да остане македонко државјанство државјани на Р Северна Македонија.

— реклама —

Пред помалку од два месеци резултатите на анкетата која ја направи ТВ Телма покажаа дека СДСМ би добила најмногу гласови од албанците, а ВМРО ДПМНЕ од македонците долку утре има избори, со ова практично Заев и СДСМ можат да добијат и поголема подршка од албанскиот блок.

Засега овие информации не се потврдени, а попладнево средба треба да одржат премиерот Зоран Заев и лидерот на Аијансата за албанците, Зијадин Села каде што треба да се утврди кои се новите барања од албанскиот блок и дали Заев ќе потклекне и пред нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања