Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Неподвижни лица одбивани од комисии, а здрави земаат нега“ - граѓани сведочат за неправди во пензиското и здравственото осигурување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Коментари
media-libraryf2acifqq4c0n2kcXzTZ

Снимка на лице со тежок инвалидитет кое е целосно неподвижно, а било носено во раце по скали и со автомобил за да се пренесе до Скопје, откако службите трипати го одбиле за семејна пензија, предизвика револт во јавноста. По објавата, граѓани сведочат за слични случаи низ кои поминуваат нивни блиски.

— реклама —

Фармацевтка чиј идентитет и е познат на редакцијата раскажува дека речиси секојдневно слуша потресни приказни од пациенти:

— реклама —

„До мене дојде човек, плачеше, не знаеше каде да се обрати. Татко му неподвижен во постела, со декубитални рани и во пелени. Мајка му исто така едвај подвижна. Го одбиле за средства за туѓа нега затоа што документите не му биле нови, а од него барале повторно да го носи пациентот на комисии. ‘Како да го однесам кога не можам ни да го поместам од кревет’, ми рече. Има луѓе што добиваат нега, а се здрави и шетаат низ град, а за него не следува. Човекот беше скршен, без надеж“.

Слични сведоштва споделија и други граѓани:

— реклама —

„Мајка ми со мултиплекс склероза четири пати ја одбиваат за инвалидска пензија. Жената е тешко подвижна, а нè враќаат со изговор дека документите се стари. Аплициравме петти пат, уште чекаме комисија. Од Пензиско нè праќаат од број на број, никој не одговара. Ние сме од Охрид и мора лично да одиме до Скопје. Најтрагично е што овие луѓе навистина имаат потреба од тие средства – пред сè за лекови“.

  • „Свекрва ми со Паркинсон, слабо срце и други болести ја одбија за мобилност и со тоа остана без право на асистент, без кој не може да функционира. Срамота и греота е ова што го прават“.

  • „Асистент сум на лица со попреченост. Едниот корисник е со ампутирана нога, а го одбија за мобилност. На крај му одобрија само шест месеци, по огромни маки и трчање по документи. А патувањето до Скопје е посебен трошок и мака“.

  • „И дедо ми, кој почина, беше целосно неподвижен, со удар и деменција. И за него бараа да го носиме на комисија, како да не им се доволни извештаите од специјалисти“.

Овие сведоштва ја потврдуваат сликата за нефункционалност на дел од институциите – лица со тешки заболувања и инвалидитет се одбивани од комисии, додека, како што велат граѓаните, „здрави и прави“ земаат средства за нега.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

doktor

Нови правила за вработување и статус на директори во јавното здравство: Владата ќе утврдува број на приватни специјализации, се продолжува работниот ангажман до 70 години

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

„Законот за пушење пу пу не важи, ама за да не е дека бизнис заедницата е газда на државата, превидуваме фази за имплементација“

Коментари | пред 1 седмица

media-librarydieim7043fpd8HcWnGe

Прво едукација, па казни за новиот закон за пушење

Македонија | пред 1 седмица

media-library0uvugqc2o56t92U17yb

Во 43 компании ќе влезат тимови од МВР и Министерството за здравство

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања