Швајцарската компанија „Нестле“ ќе инвестира 310 милиони швајцарски франци, односно околу 330 милиони евра, во своето работење во областа на исхраната и здравјето во Бразил до 2028 година.
Од вкупната инвестиција, околу 94 милиони швајцарски франци ќе бидат издвоени за изградба на нова фабрика за храна за бебиња во градот Итуиутаба. Почетокот на производството е планиран за вториот квартал од 2028 година.
Фабриката ќе произведува за бразилскиот пазар, но и за извоз, а се очекува да бидат отворени околу 100 нови работни места.
„Нестле“ дополнително ќе инвестира и во постојната фабрика во Арасатуба, каде што се произведува храна за бебиња, медицинска храна и храна за возрасни.
Инвестицијата е дел од стратегијата на компанијата за зајакнување на сегментот за исхрана и здравје, кој учествува со околу 20 проценти во вкупниот промет на „Нестле“.
Компанијата во јули најави и инвестиција од 520 милиони швајцарски франци, или околу 562 милиони евра, за изградба на фабрика и логистички центар за храна за домашни миленици во италијанскиот град Мантуа.