Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

„Нестле“ и „Данон“ под истрага: Дали контаминираната храна за бебиња била повлечена предоцна?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarynit7kdo2il93fKteCEp
screenshot youtube

Нестле и Данон повторно се соочуваат со критики поради начинот и брзината на повлекување на потенцијално контаминирана храна за доенчиња од европскиот пазар.

На почетокот на годината, „Нестле“ повлече серии адаптирано млеко во неколку европски земји, меѓу кои и Хрватска, поради можна контаминација со цереулид – токсин што може да предизвика повраќање и дијареја.

Компанијата соопшти дека изворот на контаминацијата било масло од арахидонска киселина, набавено од кинеската компанија Cabio Biotech од градот Вухан.

— реклама —

Според медиумски извештаи од Франција, Белгија и Швајцарија, „Нестле“ наводно доцнела со информирањето на европските власти за присуството на цереулид во производите.

— реклама —

Од компанијата ги отфрлија обвинувањата и соопштија дека биле „целосно транспарентни“ и дека соработувале со институциите од првиот ден.

Во меѓувреме, Европската агенција за безбедност на храната предложи значително намалување на дозволеното ниво на цереулид во храна за доенчиња, со цел дополнителна заштита на бебињата.

— реклама —

Франција веќе ја намали дозволената граница на оваа супстанца, а медиумите наведуваат дека се истражуваат и неколку случаи на смрт кај доенчиња, иако засега не е потврдена директна поврзаност со повлечените производи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6iv2v4j5b11502MRX15

По кражбата на 12 тони „КитКат“, Нестле овозможи алатка за да проверите да не сте купиле од украдените

Магазин | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања