Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нетанјаху не се откажува од власта: „Влада на национално единство е можна“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 минути -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека формирањето влада на национално единство сè уште е можно, повикувајќи се на способноста на израелскиот народ да се обедини во клучни моменти. Неговата изјава доаѓа еден ден откако остро ги критикуваше обидите за формирање влада без негово учество.

— реклама —

Нетанјаху најави дека ќе продолжи да им подава рака на потенцијалните партнери за идната владејачка коалиција. Тој смета дека актуелниот момент бара единство и дека тоа е желбата на мнозинството граѓани.

— реклама —

„Вчера објаснив зошто е неопходна влада на национално единство. Денес сакам да кажам зошто таа е можна“, изјави Нетанјаху пред новинарите, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Како примери за национално единство ги посочи церемонијата на полагање заклетва на пратениците во Кнесетот и заедништвото меѓу војниците и цивилите во текот на изминатите три години војна.

— реклама —

Израелскиот претседател Исак Херцог му го довери мандатот за составување влада на Гади Ајзенкот, главниот политички ривал на Нетанјаху. Ајзенкот се обидува парламентарното мнозинство од 67 пратенички места, кое го има блокот на партии против Нетанјаху, да го претвори во владејачка коалиција.

— реклама —

Прашањето за соработката со арапските партии стана една од главните точки на несогласување меѓу потенцијалните коалициски партнери. Нетанјаху претходно ги обвини арапските пратеници дека поддржуваат тероризам и се залагаат за уништување на Израел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху се сомнева дека Турција и Катар финансирале мобилизирање арапски гласачи во Израел

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
netanjahu

Нетанјаху тајно отпатувал во Абу Даби и се сретнал со претседателот на ОАЕ

Свет | пред 1 месец

netanjahu

Уапсени двајца мажи во Њујорк откако излегле од шахта во близина на хотелот каде што требало да престојува Нетанјаху

Свет | пред 1 месец

media-librarygre7am5lvpkoewqLKUb

(Видео) Масовно празнење на салата од делегатите на Генералното собрание на ОН пред обраќањето на Нетанјаху

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања