Промени тема
Контакт

Нетанјаху не се откажува: Израел ќе стои сам ако треба, немаме друг избор освен да го уништиме Хамас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева дека ќе ги надмине несогласувањата со американскиот претседател Џозеф Бајден кога е во прашање војната во Газа и дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“, вклучувајќи ги и членовите на таа група во Рафа.

— реклама —

„Често се согласувавме, но имавме и несогласувања. Успеавме да ги надминеме. Се надевам дека ќе можеме да ги надминеме сега, но ќе го направиме она што треба да го направиме за да ја заштитиме нашата земја“, рече Нетанјаху во интервјуто за емисијата „Др Фил Прајмтајм“, пренесена од „Тајмс оф Израел“.

Зборувајќи за војната во Газа, Нетанјаху рече дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“, вклучувајќи ги и членовите на таа група во градот Рафах.

— реклама —

„Ако не ги уништиме, ако ги оставиме, тие ќе се вратат. Ќе излезат од тунелот, повторно ќе ја преземат Газа и ќе го сторат тоа што го ветија, ќе го направат 7 октомври, овој огромен масакр повторно, повторно и повторно“, рече Нетанјаху.

— реклама —

Емисијата во која беше интервјуиран Нетанјаху беше снимена во средата, пред Бајден да предупреди дека ќе ја прекине испораката на оружје за Израел доколку израелската војска започне голема инвазија на Рафа.

Вчера, како одговор на американското предупредување, Нетанјаху изјави дека Израел „ќе стои сам ако треба“.

— реклама —

Израел оваа недела го нападна Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци се засолниле од конфликтот на друго место во Појасот Газа, а Тел Авив рече дека тоа е „ограничена операција“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library240oonoum7ktemNrVr2

(Видео) Авион се урна на автопат во Израел, две лица повредени

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 4 дена

gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 4 дена

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања