Промени тема
Контакт

Неуспешен обид за вонреден инспекциски надзор во „Беса транс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
345

Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“, чијшто автобус изгоре во Бугарија, бидејќи, како што изјави директорот Руфат Хусеини, канцелариите и на компанијата и на нејзините агенции биле затворени, а никој не се јавувал на телефон.

– Вчера се упативме во просториите на „Беса транс“, во седиштето, но беа затворени, никој не се јавуваше на службените телефони. Оттаму се упативме во седиштата на двете агенции што ги имаат во Скопје, кои исто така беа затворени и немаше никој. Во Тетово знаеме дека има една агенција, но нашиот инспектор оттаму не информираше дека и таа е затворена. Не можевме да извршиме вонреден инспекциски надзор, изјави Хусеини.

— реклама —

Никој, како што дополни тој, не крева телефон, ниту сопственикот на „Беса транс“, ниту некој во канцелариите.

– Сега ќе доставиме писмен допис и ќе закажеме термин за да не пречека и да ја отвори канцеларијата, ако не ја прими доставницата тогаш ќе се изврши достава преку Министерството за внатрешни работи, најави Хусеини.

— реклама —

По автобуската несреќа што се случи во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот „Струма“, кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул удри во заштитната ограда од патот и се запали, Владата на седница го задолжи ДИТ да изврши вонреден инспекциски надзор. Со надзорот, треба да биде опфатено се што е во рамки на надлежностите на Инспекторатот согласно со Законот за превоз во патен сообраќај.

— реклама —

– Конкретно, лиценца за извршување слободен меѓународен превоз на патници, број на возила и изводи од лиценци за тие возила и дали се сопственост на компанијата, пријавени возачи во работен однос во компанијата, потврди за техничко експлоатациски услови за секое возило, сертификати за професионланост за меѓународен превоз за патници, сертификат на управителот за професионална компетентост, евиденција за издадени патни налози за една година наназад. Нашиот надзор ќе ја опфати оваа документација, рече Хусеини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања