Пејачката Адел им забрани да ѝ дојдат на концерт сите кои не се вакцинирани. Таа смета дека ситуацијата со коронавирусот бара построги мерки, па на нејзините концерти во иднина ќе можат да присуствуваат само оние кои се вакцинирани.
„Премногу е непредвидлива ситуацијата. Не сакам да има уплашени гости во публиката. А и јас не сакам да се заразам“, рече Адел.
Организаторите објаснија дека потребно е само да се има документација дека сте примиле вакцина за да може да влезете. Сите мора да бидат целосно вакцинирани 14 дена од последната вакцина и да имаат негативен тест на Ковид-19, не постар од 48 часа.