Невладините организации во Македонија почнаа да ги пребројуваат хомосексуалците во земјаава. Според прбичните податоци кои ги добиле ,во Македонија има околу 200.000 хомосексуалци, или една десетина од вкупниот број жители во земјава.
Повеќе од 100 политичари се хомосексуалци, над 900 лица вработени во МВР и речиси 850 во АРМ, исто така. Меѓу студентите во Македонија дури 5.056 се изјасниле дека се геј, а 514 хомосексуалци има во бизнис-елитата, 494 од докторската фела, 86 новинари и 11 свештеници и оџи.
Во истражувањето анкетирани биле 12.000 испитаници . Од нив 9.540 лица истакнале дека тоа го прават по сопствена волја и без никаков финансиски надоместок, додека 2.460 лица наплатувале за своите услуги од 100 до 6.000 денари. Некои од испитаниците биле принудени на ваков начин да заработуваат за егзистенција затоа што државата не се грижи за нив.
Извор: Скопје24