Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Невработеноста е на најниско ниво од 15,9 отсто, вели Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-2

Невработеноста за вториот квартал од 2021 година е на историски најниско ниво од 15,9 отсто, во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 4,8 отсто, објави на Facebook премиерот, Зоран Заев.

-Стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5 отсто во последните три квартали. И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8 отсто и е многу блиску до просекот на ЕУ (60 отсто), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7 отсто, нагласува Заев во објавата.

— реклама —

Заев нагласува дека Владата посветено работи на корекција на овој дисбаланс преку активните мерки за вработување каде оваа година првпат се вовел принципот на искористување на овие мерки во сооднос 60 отсто за жени и 40 отсто од буџетот да бидат издвоени за поддршка на вработување на мажи.

— реклама —

-Земајќи ги предвид традицијата и нискиот опфат на деца во претшколска дејност, оваа Влада работи на изградба и отворање детски градинки низ целата земја како никогаш до сега, што дополнително треба да влијае на активирање на голем дел од женската популација на пазарот на труд, се наведува во објавата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања