Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Невреме и пожари во Грција: Поплави на Пелопонез, голем пожар на Скирос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarynht31uq0v4rkeo80MkF
Илустрација

Поплави на Пелопонез и голем пожар на островот Скирос ги ставија грчките служби за цивилна заштита пред сериозен предизвик за време на викендот.

— реклама —

Силно летно невреме во саботата го погоди регионот Мани, во југозападниот дел на Пелопонез, предизвикувајќи поплави и проблеми на патиштата и инфраструктурата. За околу два часа наврнале 140 литри дожд на квадратен метар во источниот дел на Мани.

— реклама —

Една жена била повредена откако гром удрил во нејзиниот автомобил. Таа била пренесена во болница, а повредите не се опасни по живот.

— реклама —

Пожарникарите добиле околу 50 повици за помош, најмногу од лица чии автомобили останале заглавени на поплавените патишта. Во најмалку 10 случаи тие интервенирале за да ги префрлат патниците на безбедно место.

Во меѓувреме, голем пожар избувнал и на егејскиот остров Скирос, поради што било евакуирано едно село. Градоначалникот Киријакос Андонопулос изјавил дека засега нема опасност за жителите и туристите.

— реклама —

Силните ветрови, кои достигнуваат седум степени според Бофортовата скала, го отежнуваат гаснењето на пожарот. Сепак, се очекува нивниот интензитет да се намали во текот на денот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 4 дена

police_457542992-1-1021x580

Голема полициска акција во Грција: Криумчареле над 500 мигранти и заработиле најмалку 750.000 евра

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања