Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Неврохирург се сомнева дека Боб Сагет е убиен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
d7809917f10747e0aee444388727eb2a_md-1

Познатиот актер и комичар Боб Сагет почина минатиот месец, а пред неколку дена се потврди дека причина за смртта била повреда која тој не ни ја забележал. Според извештајот од обдукцијата, Сагет паднал наназад и се удрил во задниот дел од главата, а неговата смрт е прогласена за несреќен случај.

— реклама —

Но сега експертите велат дека сигурно ударот сигурно бил многу посилен отколку што се мислело, пренесуваат странските медиуми. Еден од нив е и неврохирургот Сањај Гупта, кој се прашува колку темелно била истражена неговата смрт и што предизвикало толку тежок удар во главата.

— реклама —

„Мислам дека обдукцијата открива многу повеќе и дека тоа не бил само невин удар во главата. Кога ќе ги прочитате извештаите од обдукцијата, можеби изгледа така, но тоа бил позначаен удар во главата. Потребна е голема сила за да толку се оштети черепот. Судејќи според сè, лицето кое има повреда како Сагет требало да падне низ скали или можеби дури да го удри и автомобил. За жал никогаш нема да дознаеме што точно се случило. Можам само да кажам дека за таква повреда е потребна безбол палка“, изјавил неврохирургот за Си-Ен-Ен.

По ова, тој предизвика бројни теории на заговор на Твитер, па многу фанови веруваат дека Сагет е убиен и дека полицијата треба темелено да ја истражи неговата смрт.

— реклама —

„Морам да признаам дека смртта на Боб Сагет со екстремна траума на черепот и повреди на коскената орбита, како што е соопштено, веднаш покрена сомнеж за убиство“, „Кој го уби Боб Сагет?“, „Боб Сагет беше убиен“, се само некои од коментари на корисниците кои не се убедени дека извештајот од обдукцијата е вистинит.

— реклама —

За потсетување, семејството на комичарот преку соопштението кое го испрати пред неколку дена, изјави дека е „констатирано дека случајно се удрил во задниот дел од главата, помислил дека не е ништо опасно и заминал да спие“. А обдукцијата потврдила дека во моментот на смртта, Сагет немал опојни средства во крвта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања