„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Независен: Мијалков не се предава пред очите на јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mijalkov-2

Иако сите очекуваа да го видат поранешниот прв човек на тајната полиција Сашо Мијалков со лисици на рацете, како што ги спроведуваат во суд сите обвинети од затворот во Шутка, затворското комбе го внесе директно во гаражата во судот, а јавноста влезе во судница кога веќе на Мијалков му беа извадени лисиците. Сликата во судницата беше иста како и на претходните судења кога Мијалков доаѓаше во суд со автомобил и сопствено обезбедување.

— реклама —

Кога новинарите влегоа во судницата, поранешниот прв човек на УБК седеше и разговараше со своите адвокати облечен во костум и бела кошула, како што доаѓаше и досега. Со неговиот израз на лицето и вообичаеното однесување како да сакаше да испрати порака дека, иако сега е во Шутка, нема да потклекне пред јавноста, која го доживува како моќник кој повеќе од десет години управуваше со политиката и бизнисот во Македонија.

Затворското комбе со кое беше спроведен Мијалков го следеа три полициски џипа со специјалци, а додека траеше судското рочиште неколку специјалци со автоматски пушки стоеја пред судницата.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи велат дека специјалците го чувале Мијалков согласно пропишаните стандарди и безбедносните проценки. Внатре во судницата, пак, рочиштето на својот шеф го следеа неговите седуммина обезбедувачи.

Мијалков беше приведен на 20 ноември минатата недела во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, а досега во јавноста нема излезено снимка од неговото апсење. По бегството на неговиот братучед, поранешниот премиер Никола Груевски, Специјалното јавно обвинителство побара притвор за Мијалков како обвинет во предметот „Тврдина - Таргет“ кој се однесува на масовното прислушување и уништување на системите за следење на комуникациите. Одбраната на Мијалков поднесе жалба на одлуката за притвор до Апелацискиот суд, но второстепениот суд сè уште нема закажано јавна седница. На седницата свои аргументи зошто бара да излезе од притвор би требало да даде лично и поранешниот шеф на УБК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања