Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Незири: Еден месец од трагедијата во Тетово, наводните оставки беа една голема измама

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-10-11-150204

Помина еден месец од трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде што 14 тетовци беа изгорени живи и до ден денес се уште нема ниту морална, ниту правна одговорност. Многу се зборуваше за истраги, меѓународни експерти, но се уште немаме епилог од овие истраги, вели Аднан Незири, пратеник на Алијанса за Албанците

„Денес слободно можеме да констатираме дека политизираното судство и хибридниот режим на СДСМ и ДУИ, ги потврдија сите наши предупредувања. Оваа влада, покрај тоа што запали 14 животи и срцата на сите нас, ја исмеваше и болката на семејствата на жртвите. Наводните оставки, за кои исто така предупредивме, резултираа со, како што најавивме, голема измама и исмејување на членовите на семејството.

— реклама —

Денес, ние не бараме правда и одговорност од вас што докажавте дека сте неодговорни. Денес, ве предупредуваме дека правдата ќе дојде, ќе ве удри сите што со криминал и корупција крадевте од здравјето на граѓаните, од безбедноста на основните институции и од се друго поврзано со безбедноста на граѓаните. Докажавте дека сте опасни за животот на сите во оваа земја, затоа ги повикуваме граѓаните заеднички да ја отстраниме оваа опасност по животот на сите нас и потоа да ги изведеме пред лицето на правдата сите оние што ни го затемнуваат животот овие две децении“, додава Незири.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања