„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ни угостителите не знаат што со владините мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kafic

Ниту редар ниту било кој вработен во угостителски објект нема право да го идентификува гостинот дали е вакциниран или не, велат од Независната угостителска комора. Одлуката на Владата е апсурдна и невозможно е да се спроведе без законски измени за кои нема време до 16ти август. Во спротивно се крши Законот за заштита на лични податоци, велат угостителите.

— реклама —

-Факт е дека идентификација на гостин за лични податоци и податоци од медициснки карактер согласно законите утврдено е дека може да го прават службени лица односно МВР и доктор да врши контрола. По ниеден закон по ниеден основ ниту редар, ниту вработен ниту било кој во угостителскиот објект нема право да го идентификува гостинот со име презиме односно со сотојбата дали е вакцинирано или не, вели Здравко Јосифовски сопственик на угостителски објект и претседател на НУК.

Угостителите велат дека мерката не е удар врз нив, туку удар врз граѓаните и кршење на нивните основни права. Нејасни се многу работи. Една од нив е и што со вработените во угостителските објекти кои не се вакцинирани, дали тоа значи дека после 16ти не треба да доаѓаат на работа. Угостителските објекти со капацитет под 30 гости немаат обврска за редари вели министреот за економија Бектеши. Но тоа не значи дека и нивните гости не треба да се вакцинирани.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања