Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

„Ние се грижиме за здравствените работници, Мицкоски поддржуваше протести на кои здравствените работници беа наречени 'убијци'“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kongres-sdsm

„СДСМ со самото доаѓање на власт постојано покажува и докажува дека вистински се грижи за здравствените работници. Како одговорна партија останавме доследни на своите ветувања да го вратиме достоинството на здравствените работници“, стои во партиското соопштение на влдеачката СДСМ.

— реклама —

Оттаму додаваат: „За четири години, со континуирано покачување ја зголемивме основната плата на лекарите специјалисти за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. На општите лекари за 25 отсто, а на здравствените работници за 15 отсто.

— реклама —

Очигледна е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ кон здравството и неодговорното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека сите се насочени во борбата против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе останат запаметени дека наместо на страната на јавното здравје, беа на страната на вирусот.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски поддржуваше протести на кои здравствените работници беа наречени ,,убијци".

Токму поради ваквото нечесно, несериозно однесување кое претставува опасност по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат казнети од граѓаните на 17 октомври“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања