Промени тема
Контакт

Никој не е безбеден се’ додека не се безбедни сите, вели Сали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
image-157717

Министерот за здравство, д-р Беким Сали денеска го посети ковид – центарот на Кожната клиника, посакувајќи им што побрзо закрепнување на болните.

„Би сакал да истакнам дека сите капацитети се ставени во функција, а нашите здравствени работници го вложуваат сиот свој потенцијал за да им помогнат на болните. Посакувам сликите што ги гледаме од граѓани кои се борат со вирусот и последиците од него повеќе да не ги гледаме во иднина", истакна министерот д-р Беким Сали кој силно верува дека сите граѓани не поддржуваат во ова.

— реклама —
— реклама —

Тој упати апел дека вакцинацијата е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштитата на здравјето на населението.

— реклама —

„Вакцинирајте се! Токму со тоа и со следење на сите мерки на претпазливост, не само што ќе го намалите ширењето на вирусот, туку и ќе го намалите притисокот кон нашите здравствени работници кои неуморно работат за да не’ чуваат безбедни. Само обединети ќе го надминеме заедничкиот непријател – пандемијата. Вистината е едноставна: никој не е безбеден се’ додека не се безбедни сите. Помогнете, поддржете ја вакцинацијата, да го вратиме нашиот живот таков каков што сакаме да биде", потенцираше министерот д-р Сали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања