Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Николоски: 10 милиони евра инвестираме само оваа година за инфраструктурен развој на Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
nikoloski-bitola-3

Инвестираме 10 милиони евра во Битола оваа година за да го развиеме градот, инфраструктурно да го подобриме и да создадеме услови младите да останат во Битола, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета во општина Битола.

Министерот Николоски, заедно со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на АД за стопанисувње со станбен и деловен простор од значење на Републиката, Марјан Стефановски, го означија почетокот на изградба на нова станбена зграда што се реализира преку Акционерското друштво.

— реклама —

Зградата е со вкупно 65 станови, со 100 паркинг места, инвестиција од 209 милиони денари. Министерот Николоски истакна дека во Битола се случува инвестициски развој преку реализација на проекти во патната, комуналната и урбаната инфраструктура.

— реклама —

„Со оваа инвестиција ќе го регулираме пазарот на недвижности и ќе понудиме многу реални цени на становите. Моментално цената на квадратот во Битола, Охрид, Скопје се многу високи. И со ова зграда можам да најавам дека ќе понудиме за најмалку 30 до 40 проценти пониска цена од онаа што е моментално на пазарот. Ќе ставиме крај на уцените на градежниците и ова е само почеток. Во следната година ќе го развиваме и проектот Купи куќа за млади и ушпте многу други проекти од станбената политика“, истакна министерот Николоски.

— реклама —

„Завршена е реконструкција на 7 улици во населба Недопирливи, во тек е реконструкција на ул. Индустриска околу 700 илјади евра. Денеска се избира изведувач за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на 4 улици, ул. „11 Март“, ул. „Панде Николов“, ул. „Козара“ и ул. „Чеде Филиповски во вредност од 200 илјади евра. Сo одлука на Влада на Битола и се доделени 2,7 милиони евра за оваа година, следната ќе бидат двојно. Исто така се реконструира влезот на Битола околу 2 милиони евра, оваа комерцијална зграда која чини околу 3,5 милиони евра. И со сите овие проекти придонесуваме за економски развој на градот, стимулирање на економијата и отворање на нови работни места“, потенцираше министерот Николоски.

Директорот на АД за станен и деловен простор истакна дека зградата ќе биде завршена до август 2026 година.

— реклама —

За градоначалникот на општина Битола овие проеки се многу значајни за економскиот и урбан развој на општината. Тој потенцираше дека со финаниската подршка од Владата, од вкупно 15 прифатени проекти дури 13 се преку Mинистерството за транспорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања