Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде целосно пуштен до крајот на мај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 минута -

Македонија
lniouxisojccypjktelh

Изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со добра динамика, а целосното завршување и пуштање во употреба се очекува до крајот на мај, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

— реклама —

Тој потврди дека градежните работи на делницата од Извор до Врбјани, вклучително и тунелите кај Пресека, се целосно завршени. Во моментов се спроведуваат тестирања и се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, со посебен акцент на тунелите.

— реклама —

На овој потег се изградени две тунелски цевки, долги 2.100 и 1.990 метри, како и четири галерии, мостови и вијадукти.

— реклама —

„Остануваме на она што го ветивме, а тоа е до крајот на мај да имаме не само целосно пуштен автопат, туку и автопат со сите потребни документи“, изјави Николоски.

— реклама —

Тој најави дека делницата од Извор до Врбјани се очекува да биде ставена во функција во следните неколку недели, по завршувањето на потребните безбедносни тестирања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања