Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Николоски: Иницијативата за недоверба на владата ќе ја поддржат повеќе од 61 пратеник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Nikoloski

Во тек се водат интензивни разговори и со други пратеници во Собранието за поддршка на Иницијативата за недоверба на владата, со што бројката ќе биде повеќе од 61 пратеник, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски денеска при поднесување на Иницијативата во македонското Собрание.

Тој истакна дека доколку во моментов треба да се гласа доверба на владата или најдоцна до четврток очекува повеќе од 61 пратеник да гласаат за недоверба на владата.

— реклама —

- Сакам да ја информирам јавноста дека во тек се интензивни разговори и со уште неколку пратеници во македонското Собрание и очекувам дека иницијативата за недоверба на владата ќе ја поддржат повеќе од 61 пратеник, рече Николоски.

— реклама —

Тој посочи дека Иницијативата е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, пратениците на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пратениците на политичката партија БЕСА и пратениците на политичката партија Левица.

— реклама —

- Вкупно 61 пратеник ја потпишаа ова Иницијатива и 61 потпис се доставени заедно со оваа иницијатива до македонското Собрание. Очекуваме Претседателот на Собранието согласно роковите утврдени во Уставот и Деловникот во најбрз можен рок да свика седница на која што ќе се гласа за доверба на Влада, истакна Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања