Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, за еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarysm1oqu8tpkivevU6sTi

Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат рекордни бројки на патници и реализирани летови, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Вести Плус“.

— реклама —

Според него, Владата спроведува политика на субвенционирање и привлекување нови авиопревозници, што веќе се одразува врз зголемениот авионски сообраќај.

— реклама —

„Охридскиот аеродром само во еден месец опслужил 52.500 патници, што претставува раст од 41 процент во споредба со истиот период лани. На 20 јули беа реализирани повеќе од 20 летови во еден ден, што е апсолутен рекорд за аеродромот“, изјави Николоски.

Тој додаде дека и Скопскиот аеродром бележи историски резултати, со 409.000 опслужени патници и 2.670 реализирани летови во текот на јули. На 20 јули биле реализирани 101 лет во еден ден, што, според него, претставува нов рекорд.

— реклама —

Николоски оцени дека доколку продолжи сегашното темпо на раст, Македонија наскоро би можела да достигне четири милиони патници годишно.

Тој нагласи дека овие бројки се показател за зголемен број туристи и деловни посетители, што, како што рече, директно придонесува за развојот на туризмот и за раздвижување на економијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 3 дена

media-library8thkvmljromv2hF1Xlo

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања