Николоски: Никогаш во историјата на Македонија не се случило изборен законик да се менува без консензус со опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

nikoloski

Апсолутно очекувам дека ќе имаме фер и демократски избори, но ако ме прашувате дали тоа ќе се случи мислам дека нема да се случи, истакна Александар Николоски, Носител на Изборна единица 4, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува фер и демократски избори.

— реклама —

„Видовме предизборниот период покажа многу работи. Еве ќе набројам неколку работи, поставена е бомба во објект на мојот колега потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски, до денес сеуште немаме никакво сознание кој стои позади тој грозоморен чин кој што можеше да заврши пофатално од тоа што заврши. На само еден ден пред почетокот на кампањата како во Северна Кореја, Владата донесе едностран акт за промена на изборниот законик со кој што правото на опозицијата да има свое претставување во медиумите како и буџетот определен за тоа се намали за половина, за 50%. Никогаш во историјата на Македонија не се случило изборен законик да се менува без консензус со опозицијата без разлика кој бил во опозиција. Ова е прв пат на само еден ден пред почеток на кампањата. Понатака имаме замрзнат имот на нашата политичка партија, имаме притисок и опструкции кон целокупното членство на партијата. Тоа е она што го гледаме досега, а она што го гледаме и пред почетокот на кампањата и откако почна кампањата е еден силен наплив на лажни вести и лични навреди и дискредитација. Но, ние тоа ќе го надминеме, народот е со нас, јас сум убеден дека сето ова што го прават само конта ефект има кај народот, ќе го развие гневот уште повеќе ќе го поттикне гневот и се повеќе луѓе ќе излезат и ќе ја казнат актуелната власт“, истакна Николоски.

На прашањето пак како гледа ВМРО-ДПМНЕ на разногласието на Комисијата за заразни болести, Николоски вели:

— реклама —

Тоа е нешто што трае во континуитет некаде таму од почетокот на мај, имено сите дадовме на почеток поддршка на таа комисија за заразни болести да се избори со ова зло, со оваа напаст, која што го зафати светот. Тоа е корона вирусот. Во оној момент кога почна комисијата политички да се управува од страна на Зоран Заев и Венко Филипче, а тоа беше некаде на почетокот на мај, кога да  ја потсетам македонската јавност и локалната јавност во Гевгелија и Венко Филипче и Зоран Заев прогласија победа над корона вирусот. Изјавата на рејсот следуваше малку повеќе, него луѓето му се смеа, ама овие ги сфатија сериозно и почнаа луѓето нормално да функционираат како претходно, што резултираше со еден непосакуван, би рекол дури и неочекуван бум кој што доведе до огромно зголемување на бројот на оние кои што за жал се инфицирани од корона вирусот, а се повеќе луѓе за жал го губат и животот. Во таа насока сите одлуки кои што се донесоа од мај месец до денеска се исклучително политички и беа во функција на остварување на политичка цел, а тоа е целта на Заев беше што порано да има избори со цел луѓето да се уплашени за да не излезат на гласање и на тој начин да проба да помине со помал пораз. Изборите на 15 јули единствено за што ние се залагавме беше да има меѓународен мониторинг и силни здравствени протоколи за никој кој што ќе гласа да не му е здравјето загрозено. Тоа успеавме да го договориме и можам да кажам на сите кои што ме гледаат дека гласањето ќе е безбедно и ќе може безбедно да гласаат. Сите други работи се манипулација, поврзани со покажување на некаква нормалност. Мене ми е жал за тие луѓе кои што седат во Комисијата за заразни болести затоа што врвни стручњаци станаа партиски апарати изманипулирани во партиски цели“, истакна Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања