Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово, ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандовo

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarycutatot7i5bueFjKYh4

Со инвестиции од околу 100 милиони денари, Владата планира да го поддржи развојот на општина Валандово, преку подобрување на инфраструктурата, поддршка на земјоделството и искористување на туристичкиот потенцијал. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општината.

— реклама —

Од предвидените средства, 65 милиони денари се обезбедени директно од буџетот на Министерството за транспорт, а околу 35 милиони денари преку двата повика за инфраструктурни проекти. Со средствата од Министерството ќе се асфалтираат улици во селата Собри, Пирава, Брајковци, Раброво и Марвинци, во вкупна должина од околу 4,8 километри.

— реклама —
— реклама —

Николоски посочи дека подобрената патна инфраструктура ќе ги олесни условите за живот на жителите, но и ќе овозможи подобро искористување на туристичкиот потенцијал на населените места. Како пример го посочи археолошкиот локалитет Исар кај Марвинци, за кој најави дека ќе се работи на поголема промоција со цел привлекување повеќе туристи.

— реклама —

Тој најави и целосна реконструкција на регионалниот пат Валандово – Струмица, преку Валандовско Брдо. Според Николоски, надлежните служби веќе извршиле увид и изработиле проект, а во најскоро време се очекува да биде објавен повик за избор на изведувач.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytu9u61a89sfhc0SF3tK

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме - работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library7aub7f0k161o8DAhbxD

Николоски: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 2 седмици

media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања