Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Николоски се сретна со хрватската амбасадорка Тигањ: Македонија и Хрватска во континуитет ја унапредуваат економската и политичката соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryg27jtdtfjnpb7WWpacb

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ, на која се разговараше за економската соработка, регионалниот развој и европската интеграција на Македонија.

— реклама —

На средбата биле разгледани можностите за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за создавање дополнителни врски меѓу компаниите.

— реклама —

Во делот на инфраструктурниот развој, Николоски ја потврдил определбата на Владата за реализација на инфраструктурните проекти, со акцент на капиталните инвестиции и нивното влијание врз регионалниот развој, подобрувањето на поврзаноста и создавањето услови за економски раст.

— реклама —

На средбата било истакнато и значењето на поддршката од Хрватска за европскиот пат на Македонија и реформските процеси што се спроведуваат во земјата.

— реклама —

Двете страни изразиле подготвеност за натамошно унапредување на соработката во областите од заеднички интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу Македонија и Хрватска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања