Промени тема
Контакт

Николоски: Сериозно работиме со новиот градоначалник на Росоман за формирање на една индустриска зона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library9jp245t0mc34a5DDmVY

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот народен митинг одржан во општина Росоман во рамки на изборната кампања „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори.

— реклама —

„Промените во државата се случија минатата година, после големата победа на парламентарните и претседателските избори, и веќе една година и три месеци Македонија пулсира и живее со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во неколку општини вклучувајќи ја и општина Росоман, тие промени ќе се случат на овие локални избори“, истакна Николоски.

Тој се осврна и на поддршката која што Владата ја дава на локалните единици, а во случајот со општина Росоман кажа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, издвои 31,5 милиони денари, или околу 500 илјади евра за изградба на улици во Росоман, меѓутоа досегашниот градоначалник ја нема почнато постапката за истото.

— реклама —

„Тоа ќе остане наследство за новиот градоначалник, кој што ова ќе го реализира и заеднички ќе работиме и на бројни други проекти кои што ќе ги реализираме во општината“, вели Николоски.

— реклама —

Николоски зборуваше и за експресниот пат, кој беше пуштен годинава, а истакна дека веќе се работи на два проекти, заедно со ЈП Државни патишта.

„Успеaвме на почетокот на оваа година да го пуштиме и експресниот пат, првата фаза која што одеше од Градско до Дреново и втората од Дреново до Фариш.  Тука е директорот на ЈП ,,Државни патишта“ и сакам да најавам дека со него веќе работиме на два проекти. Спојот со село Сирково, тоа сме го ветиле и тоа ќе го реализираме, и второто е проширување на спојот помеѓу Росоман и експресниот пат. Има еден спој, но тој треба да се прошири и да стане еден убав модерен пат, којшто  го спојува Росоман со експресниот пат и на тој начин да се стига побрзо и до Скопје, но и до Прилеп,  до Битола и Росоман да има многу поголема корист од самиот експресен пат, околу кој што може  да се развие и цела индустриска зона“, кажа Николоски и додаде:

— реклама —

„Тоа е нешто на што треба да размислуваме на следниот период, имајќи ја предвид одличната локација, одличната поврзаност и со автопатот, и можноста компаниите директно да се приклучат на експресен пат. Мислам дека треба сериозно да работиме со новиот градоначалник на формирање на една индустриска зона, каде што ќе можат компаниите да вложуваат, а сигурен сум дека интересот ќе биде голем“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 11 час

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 12 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања