Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Николоски: Со Велимир во Бутел и Петре во Скопје, Македонија не може да почне преговори, проблем не е блокадата од Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Nikoloski-PRESS-2512-2

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при изјавата во Бутел посочи дека со Велимир во Бутел и Петре во Скопје Македонија не може да почне преговори, проблем за Македонија не е блокадата од Бугарија, туку криминалот и корупцијата.

„Би сакал да информирам пред овој самит ќе се случи и самит на Европската народна партија. Европската народна партија е најголема партија во Европа и овој самит секогаш традиционално се случува пред почетокот на официјалниот самит. Таму ќе присуствува делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски на која што ќе се сретне со европските лидери и ќе разговара за европските интеграции на Македонија. Наша желба е Македонија да стане членка на ЕУ“, истакна Николоски.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

Николоски додаде дека Македонија поради неспособноста на СДСМ и поради криминалот и корупцијата што владее се наоѓа на 111-то место на „Транспаренси Интернешнл“.

„Мора да ја погледнеме реалноста со Велимир во Бутел, со Петре во Скопје Македонија ниту членка на ЕУ ќе стане, ниту преговори ќе почне. Затоа што оваа корупција што цвета на локално и на централно ниво сите ја гледаат“, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека за Македонија проблем не е ниту методологијата на Франција како што власта убедуваше, не е проблем ниту блокадата од Бугарија. ЕУ ако мисли дека Македонија треба да ги започне преговорите со Македонија за еден ден ќе се заврши работата со Бугарија. Единствениот проблем Македонија што не добива датум за преговори е криминалот и корупцијата на власта.

„Никој не сака да седне на маса со корумпиран политичар. И никој не сака да преговара со корумпирана политичка елита. И затоа народот прво треба да ги казни на 17-ти и на 31 октомври, да се промени Владата и после тоа да почнеме преговори, а и да Македонија стане членка на ЕУ“, рече Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања