Промени тема
Контакт

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше на енергетската криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Nikoloski-20122020

Потпретседателот на СДСМ Александар Николоски, денеска на прес конференција на новинарско прашање, во врска со цената на струјата и проблемите со парното греење во Скопје, истакна дека главни виновници за енергетската криза во земјава се Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Али Ахмети кои и покрај предупредувањата од ВМРО-ДПМНЕ пред девет месеци ништо не направија да ги решат проблемите со електричната енергија, а сега се дозволи и да се смрзнуваат граѓаните.

-На граѓаните треба да помогнат тие кои мислат дека можат да водат држава и кои вчера без никаков срам излегоа со состав на влада иако беа прегазени на претходните локални избори, да се случеа предвремени парламентарни избори сега веќе ќе зборувавме за влада на ВМРО-ДПМНЕ која ги има одговорите на овие прашања, посочи Николоски.

— реклама —

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ова ќе се случи уште пролетта минатата година, уште пред да се случи со цел да се има доволно време за овие проблеми да се решат.

-Девет месеци бевме игнорирани, девет месеци се ставаше главата во песок на ист начин на кој тоа се правеше со коронакризата и со вакцинацијата некаде пред година и половина, после девет месеци „сметките доаѓаат“, а градот замрзнува, а тоа се случува затоа што имаме неспособни политичари кои не гледаат подалеку од носот и личниот интерес, рече Николоски.

— реклама —

Николоски посочи исто така дека при најавена енергетска криза, а Македонија има доволно ресурси да произведува електрична енергија за сопствени потреби , а тие не се искористат увезуваме скапа струја тоа е рамно на аматеризам, ако се решеше тој проблем ќе можеше да се помогне повеќе за набавка на гас, ќе можеше државата да субвенционира, но во услови на пропаднат Буџет и највисок историски дефицит јасно е дека пари нема,а граѓаните се оставени да се смрзнуваат, рече Николоски.

— реклама —

Тој посочи дека главни виновници за целосната ситуација со енергетската криза се Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Али Ахмети и овие кои сега ја водат Владата, кои велеа дека прво нема криза, па се лажеше јавноста дека поскапувањето на струјата ќе биде минимално, за да сега видиме дека поскапувањето е огромно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања