Промени тема
Контакт

Николоски: Во јануари датум доби Заев за скијање на Шамони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nikoloski28012022.jpg

- Суштинското прашање е зошто актуелната политичка елита дозволи да ова стане прашање број еден, покрај билатералните односи и во државата? Одговорите можат да бидат во две насоки: или се работи за добра мимикрија за покривање на сите други суштински проблеми во државата, почнувајќи од актуелното поскапување кое го имаме во сите сектори, падот на економијата, зголемувањето на невработеноста, криминалот кој што цвета, кокаинот кој што нема поголем урбан центар каде не е подостапен од Кока Кола итн. Тоа е едната насока во која се размислува, а втората е дека се работи за наивност и за преземени концесии. Веројатно, одговорот е некаде на средина, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски на денешното обраќање на собраниската комисија за надворешни прашања поврзана со актуелните политики со Бугарија.

Николоски додаде дека македонската јавност добро знае дека претходните два премиери на Македонија и Бугарија имале договор кој бил комплетно еднонасочен и тоа само кон нас во однос на преземање обврски кои што Зоран Заев ги презел и требало да ги реализира во однос на Бугарија и единствена причина поради кои не ги исполнил бил народот кој излегол масовно на улиците на демонстрации во текон на месеците ноември и декември 2020 година.

— реклама —

- Почетокот и основата на целиот проблем е тоа што се преземени обврски кои не можат да се реализираат бидејќи доколку се реализираат , ќе значат погазување на суштината на постоењето и на државата и на народот. И од тука мора да го гледаме фундаментот на тоа зошто ова стана проблем број еден и во односите помеѓу двете држави, но и внатре во државата.

Вториот сектор кој треба да се гледа е на злоупотребата на процесот на евроинтеграции кој што служи на покривање на сите недостатоци во моментот во државата и служи како единствено образложение за опстојување на владата. Па така секогаш кога се зборува за евроинтеграции, паралелно се договараат тендери во РЕК – Битола во четири очи во вредност од ни помалку ни повеќе, туку 25 милиони евра потпишани за три дена пред Нова година.

— реклама —

Секогаш кога се разговара за евроинтеграциите, гледаме на другата страна како криминалот влегува во следната пора на македонското општество, како што ќе бидам брутален и директен секогаш кога се разговара за Коридорот 8. Многу компании кажуваат како им е пристапено да бидат подизведувачи на тој коридор а за возврат некаде нешто да направат кое е надвор од законот и надвор од она што се вика правна рамка во Македонија, како што видовме и дека се злоупотребија европските интеграции во Собранието кога јасно беше дека владата нема мнозинство па беше киднапиран пратеник кој што образложуваше дека единствената причина зошто после киднапирањето прифати да е слуга на оваа влада е дека Македонија ќе добиела датум за преговори во декември или јануари. Во декември не доби, во јануари, јас кажав во една друга прилика дека може да се добие датум за скијање и еве го јануари помина, гледаме Заев е на Шамони со фамилијата, така што Заев доби датум на скијање, ама Македонија не доби датум за преговори, кажа Николоски.

— реклама —

Николоски продолжи и рече дека работите ги носи вака до апсурд, затоа што целата ситуација во Македонија е донесена до апсурд, а причината зошто Македонија не добива датум за преговори со ЕУ е затоа што не е спремна и затоа што голем број главни градови во ЕУ мислат дека Македонија не е спремна да почне преговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања