Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryujpsv7ro50dudbAhNfv

Градскиот воз во Скопје за само три дена од стартот превезе околу 1.500 патници, а првичните анализи покажуваат дека интересот кај граѓаните е добар и се очекува бројката во периодот што следи значително да расте. Плановите предвидуваат проширување на железничкиот сообраќај со уште две линии, со кои повеќе приградски населби ќе бидат поврзани со Новата железничка станица, истакна во вечерашното гостување во ТВ Сител заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Првичните анализи се добри, за три дена имаше некаде околу 1.500 патници. Јас очекувам дека таа бројка ќе расте, дека за многу брзо време ќе надминеме и 100.000 патници. Нашата проценка е дека околу 200.000 жители се опфатени со првата линија од Градскиот воз, изјави заменик-претседателот Николоски.

— реклама —

Според него, веќе се работи на проектирањето на уште две траси, кои треба да го прошират опфатот на градскиот воз и да поврзат поголем број населени места со Скопје.

— реклама —

Првата планирана траса треба да се движи од Новата железничка станица преку Автокоманда, Маџари, Ченто и Илинден до Агино Село. Втората би го поврзувала северозападниот дел од градот, односно од Новата железничка станица преку Бутел, Скопје Север, Волково и Ѓорче Петров до Сарај.

Со реализацијата на овие две линии, како што посочи министерот, би се создала железничка мрежа која ќе ги поврзе трите делови на градот и приградските населби кои гравитираат кон Скопје со Новата железничка станица.

— реклама —

Со градскиот воз граѓаните ќе можат да ја избегнат градската гужва и преку точни временски интервали на пристигнување да го планираат своето време. Во моментов ја користиме рутата која што некогаш постоела, да ги вратиме во живот и на тој начин да ги доближиме приградските населби до центарот. Проектирањето завршува до крајот на месец октомври, после тоа одиме со тендерирање и очекуваме, во зависност од временските услови, да започне да се работи во декември или јануари. Ако овде успеавме да ја завршиме градбата за 10 месеци, таму оставаме 12 месеци, така што на почетокот на 2028 година ќе имаме оперативни уште две линии на градскиот воз, додаде вицепремиерот Николоски.

Одговарајќи на прашањето зошто во актуелната мрежа нема траса до Скопскиот аеродром, Николоски појасни дека до аеродромот во моментов нема пруга, но дека поврзувањето е предвидено во рамки на проектот „Брза пруга“.

До Скопскиот аеродром во моментов нема пруга, но тоа е дел од еден друг проект, а тоа е "Брзата пруга". Идејата е со 160 км/ч од центарот на Скопје да се патува до аеродромот, што сериозно ќе го скрати времето на патување. Планирано е ова да е првата отсечка која што ќе се изгради во проектот "Брза пруга", објасни министерот за транспорт, Александар Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 3 дена

media-library8thkvmljromv2hF1Xlo

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања