Николоски: Заев ќе одговара за притисоците за пратениците за случајот „27 април“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nikolovski-696x381

-Многу побрзо од што мисли, Зоран Заев ќе одговара за начинот на кој ги уценуваше пратениците да гласаат за промена на уставот, преку обвиненијата за случајот „27 април“ – порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговото вчерашно гостување во емисијата „Јади Бурек“ на Телевизија Сонце.

— реклама —

Во однос на случајот „27 април“, Николоски истакна дека за него тоа е очигледно монтиран случај и со самото тоа што со него се уценуваа пратеници, се потврдува дека е монтиран.

-Од 5 пратеници кои беа обвинети, двајца не гласаа за промена на уставот, тоа покажува дека осумтенимина можеле да постапат и поинаку. Тие кои гласаа целиот живот ќе си го носат тој товар на себе. – рече Николоски.

— реклама —

Потпретседателот на опозицијата додаде дека и тој како и сите останати го осудува насилството за случајот, но дека за уцените кон пратениците Заев ќе одговара многу побрзо од што мисли. Во исто време, Николоски рече дека треба да има помирување, а пресудите говорат дека Заев е мал човек.

-Се потврди дека Заев е мал човек кој не успеа да се издигне над себеси и тргна во одмазда. – рече Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања