Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryqf0q0i22vcvj4MP9u1u

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, упати прашање до заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ во врска со случајот на масовно труење на работници во РЕК Битола. Николова побара детално да се испита причината за инцидентот и да се утврди одговорноста за настанатата состојба.

— реклама —

Во своето излагање, Николова посочи дека, според јавни информации, поголем број работници се жртви на труење што се случило во кујната на РЕК Битола. Надлежните инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и други институции, излегле на терен, наредено било вонредно чистење на кујната и спроведени се вонредни санитарни прегледи на вработените.

— реклама —

Таа нагласи дека бројките на заболени работници постојано се менуваат – првично се зборувало за пет до шест случаи, потоа бројот се искачил на околу 80, а сега се споменува и троцифрена бројка. Николова го праша заменик-министерот кој е одговорен за инцидентот и дали ќе бидат преземени сите законски мерки за казнување на оние што ја довеле ситуацијата до ваков сериозен степен.

— реклама —

Овој случај ја отвори дебатата за безбедноста и здравствените стандарди на работниците во РЕК Битола, како и за контролата на работните процеси во енергетскиот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqf0q0i22vcvj4MP9u1u

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти,  уште едно лицемерие на Владата

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања