Николовски: На 25 октомври прв дигитален Конгрес на СДСМ!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nikolovski

— реклама —
Со задоволство највувам дека на 25 ти октомври, в недела, ќе се одржи дигитален конгрес на СДСМ.

За прв пат во нашата земја, тоа ќе го направи најсилната, најдинамична и најотворена демократска партија – СДСМ, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

— реклама —

Николовски додава:

Согласно новата нормалност, се грижиме за здравјето на граѓаните, но и на делегатите, гостите, и медиумските работници.

На овој дигитален Конгрес ќе биде даден отчет за досега сработеното, со осврт на изборниот резултат, победата на парламентарните избори и визијата за следниот 4 годишен мандат, даден од граѓаните.

Како современа партија која постојано се менува, ќе разговараме за измени и дополнувања на Статутот на СДСМ, за уште поголема демократизација на партијата.

За зголемување на директната внатрепартиска демократија, зајакнување на положбата и учеството на жените и младите и процесите на одлучување.

Етичка одговорност на сите членови на СДСМ, согласно највисоките меѓународни стандарди и практики, се наши заложби кои ќе ги канализираме на соодветен начин.

Со предлог измените за прв пат во историјата на Република Северна Македонија СДСМ ќе спроведе директен избор на Претседател на партија. Членовите лично ќе гласаат на слободни, непосредни, фер и демократски внатре-партиски избори.

Најавувам и други измени согласно меѓународните стандарди на социјал-демократијата како што доликува на една прогресивна партија како СДСМ.

Преку низа конкретни примери СДСМ покажа дека знае да се менува на подобро, во интерес на граѓаните, во интерес на државата, во интерес на демократијата.

Тој процес го продолжуваме заедно. Продолжуваме да работиме посветено за да биде уште подобро за сите.

Се гледамe на 25 октомври на првиот дигитален конгрес на СДСМ, истакна Николовски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања