Промени тема
Контакт

Николовски: Саемот „Агро Белград 2022“ и иницијативата „Отворен Балкан“ се основа за зголемена трговска размена на земјите од регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_2042-1

На покана на српскиот министер за земјоделство и вицепремиер Бранислав Недимовиќ, денеска во Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, го посети саемот „Агро Белград 2022“. Се работи специјализиран саем посветен на овоштарството, лозарството и градинарството е добра можност земјите учеснички, вклучително и македонските компании, да ги претстават на автентичен начин своите производи на пошироката јавност и да направат нови контакти за зголемување на извозот и освојување на нови пазари.

Во своето поздравно обраќање, министерот Николовски ги потенцираше придобивките од Иницијативата „Отворен Балкан“ и од учеството на ваквите самески манифестации.

— реклама —

„Прво видов како македонскиот ајвар од Гевгелија до Блеград стигнува за само неколку часа, без царински процедури без чекања без дополнителни трошоци со признавање на сите анализи. Неколку часа се потребни од Северна Македонија до тука, до секое семесјтво, до секоја полица да се најдат нашите македонски производи вклучително и прозиводите на сите земји вклучени во оваа одлична иницијатива. Драго ми е што повторно имаме девет македонски компании коишто се претставени тука и како министерство ќе ја продолжиме поддршката за саемските манифестации. Северна Македонија е лидер во искористеноста на европските ИПАРД фондови, ние сме целосно фокусирани на преработувачката индустрија, на мерките за младите, за жените, на дигитализацијата на земјоделството, на инвестиции во преработувачките капацитети, на иновациите, на ставањето во функција на развојот на сите природни ресурси коишто ги имаме, и секако дека оваа година ќе понудиме нови мерки и политики и за директни плаќања и за рурален развој“, изјави Николовски.

— реклама —

При тоа, министерот Николовски потенцираше дека Северна Македонија е земјоделска земја, над 20% од БДП отпаѓа на земјоделството и најголем дел од луѓето се ангажирани токму во земјоделството. Ваквите саеми и иницијативата „Отворен Балкан“ со отворените граници ќе придонесе земјите од регионот и сите останати, успешно да разменуваат искуства, практики и знаења што ќе овозможи поинтензивна и зголемена економско-трговска соработка во регионот, рече министерот Николовски.

— реклама —

На годинешниот саем „Агро Белград 2022“ има македонски штанд, на кој учествуваат девет домашни компании. Нивното учество е финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На 30.000 м2 претставени се реномирани домашни и странски излагачи и брендови, меѓу кои и претставници на најголемите светски компании од областа на земјоделските машини, системите за наводнување, градобијните системи и возилата за испорака.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања