„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Нимиц за Груевски: Го сметав за многу интелигентен, но неговите погледи беа заглавени во историскиот пристап

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
metju-nimic-696x522

Американскиот дипломат Метју Нимиц во интервју за „Дојче Веле“ откри детали од неговата кариера, која најголем дел помина во спорот со името на Македонија со Грција.

— реклама —

„Сите мислеа ова е лесно. Седни на маса. Најди име. Ама не беше така. Во семејството понекогаш мислеа дека сум луд што толку долго се занимавам со ова прашање. Но поддршката беше голема. Пријателите често ме задеваа: Уште ли се занимаваш со тоа?“, раскажува Нимиц.

Како што истакна тој, го сметал Груевски за интелигентен човек и честопати се дружеле.

— реклама —

„Имав многу дискусии со Груевски и имав добри односи со него. Минавме многу часови заедно. Ќе одев во неговиот дом и ќе вечеравме заедно, и ќе разговаравме. Го сметав за многу интелигентен. Ги познаваше работите многу добро. Секогаш го сметав за многу интересна личност за разговор на оваа тема. Но неговите, и погледите на претседателот Иванов, беа премногу заглавени во историскиот пристап. Тоа за мене беше ќорсокак. Тој не беше подготвен на компромис доволен за да се постигне договор. Беше флексибилен, но неговата флексибилност беше лимитирана. А и политиката во земјата беше таква што тој со оваа тема добиваше на избори“, вели Нимиц.

Со текот на времето, тој поминал многу заеднички средби со македонските политичари, па откри и што се јадел низ рестораните во Македонија.

„Едно од најдобрите јадења во кое сум уживал е јагнешко во едно мало село во близина на грчката граница. Обожувам јагнешко. Го заборавив името на селото, но таму има ресторан и таму го јадев најдоброто воопшто. Застанавме таму со Димитров (Никола, министер за надворешни работи, н.з.) на враќање од Солун и одлично вечеравме со многу добро вино. И охридската пастрмка е одлична. Со претседателот Глигоров сум јадел и јагула“, соопшти Нимиц.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања