Нирвана го доби спорот за насловната страница на албумот „Nevermind“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Nirvana-BEBE

Бендот Нирвана го доби спорот против Спенсер Елден, чија фотографија е на насловната страница на нивниот албум „Nevermind“ од 1991 година.

— реклама —

Тогаш на насловната страница на албумот на „Нирвана“ се најде Спенсер Елден, фотографиран како голо четиримесечно бебе, кој поднел тужба за „детска порнографија“.

— реклама —

Американскиот окружен судија во Лос Анџелес во одлуката забележал дека Елден долго чекал да ја обвини „Нирвана“ за сексуална експлоатација, бидејќи поминале 10 години откако дознал за насловната страница.

— реклама —

Во овој случај обвинети беа членовите на музичката група Дејв Грол и Крист Новоселиќ, вдовицата на поранешниот пејач Курт Кобејн, Кортни Лав, неколку издавачки куќи и фотографот Кирк Ведл.

„Нирвана“ користеше фотографија направена од Ведл во 1991 година на базен во Пасадена, Калифорнија, на која се гледа како Елден плива гол кон банкнотата за долар прободена со кука за корицата на албумот.

„Долготрајната неправда што ја претрпе вклучува, но не е ограничена на, екстремна емоционална болка со физички манифестации, нарушување на неговиот нормален развој и образовен напредок, губење на работни места, трошоци за медицински и психолошки третман...“ се наведува во тужбата.

Албумот Nevermind е продаден во повеќе од 30 милиони примероци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Nirvana-BEBE

(ВИДЕО) Филмовите им даваат нов живот на старите песни, по хитот на Металика, на ред дојде еден на Нирвана

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања