Промени тема
Контакт

„Ништо не завршува тука“, потенцираше Џафери зборувајќи за Рамковниот договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
1-1

„Охридскиот рамковен договор, актот кој што ја промени иднината на нашата земја и истовремено беше наш најдобар патоказ за обезбедувањето на стабилноста, одржливоста и конструктивниот дијалог“, смета собранискиот спикер Талат Џафери. Тој вели дека договрот бил предизвик и сам по себе, кој што овозможи  Македонија да биде успешна сторија која е пример, не само во нашата земја туку и пошироко, во целиот регион и е договор кој што овозможи простор за третирање на прашања кои беа во однос на почитувањето на правата на сите заедници, правичната и соодветна застапеност, вклучувањето во политичкото и институционалното одлучување и неговата имплементација влијаеше врз подигнувањето на граѓанската свест во насока дека придонесот на секој граѓанин во земјава е еднаков и дека за вистински соживот, заложувањето на секој поединец е повеќе од ценет и добредојден придонес.

— реклама —

„Основањето на Комитетот за односи меѓу заедниците, официјализацијата на Тетовскиот универзитет, основањето на Универзитетот Мајка Тереза, на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Агенцијата за примена на јазикот, Инспекторатот, именувањето на нашите улици со достоинствени претставници на сите заедниците во земјата и серија други економски, културни и други институции се реалност која е резултат на помирувањето, меѓуетничкото почитување и соработка. Јас, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Артан, Бујар и серија други претставници на чело на домашните институции се реалност.

— реклама —

Ова што ви се обраќам на албански е реалност и знак дека имаме за што да бидеме горди, меѓутоа, никако да сметаме дека сме ја завршиле домашната задача, затоа што, како што вели и слоганот на манифестацијата - „ПОСЛЕ ОХРИД“, затоа што процесот продолжува, предизвиците не се исцрпуваат и нашето патешествие како држава ќе се заокружи тогаш кога ќе ја исполниме и нашата втора стратешка определба и цел, односно, по полноважното членство во Сојузот на НАТО, да почнеме преговори и со Европската Унија, по определувањето на датумот за одржување на првата меѓувладина седница на Република Северна Македонија - Европска унија. И, повторно, ништо не завршува тука! Грижата и обезбедувањето на правата и слободите, се разбира и обврските на секој граѓанин во земјава остануваат сега и засекогаш, прв, втор и последен приоритет на сите нас!“, вели Џафери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања