Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на Утрински брифинг се осврна на хајката која се поведе против него откако на Фејсбук објави реакција на одлуката на Апелација за ослободување на Мијалков од притвор и апелираше до Судскиот совет да преиспита по кој основ судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети ја донеле оваа одлука ако се има предвид претходното бегство на обвинетиот поранешен шеф на УБК.
-Ниту на каков било начин имам влијаено врз одлуките на судот. Само упатив само повик до судиите да си ги дообјаснат своите одлуки. Кога имаше криза со обидот за бегството или полуобидот за бегство на Мијалков прстот беше вперен кон извршната власт. Сметам дека независното судство треба да си ги објасни своите одлуки на јавноста. Не може секогаш поради некои неиздржани одлуки на судиите и обвинителствата секогаш да биде виновна извршната власт. Ништо лично против Мијалков не сум имал, рече Маричиќ.
Тој нагласи дека единствен притисок врз Судскиот совет бил да си ја врши работата чесно, одговорно и професионално во рамките на законот.