Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Нивните имиња не смеат да станат статистика“ – Бети Котовчевска со силна порака против фемицидот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 32 минути -

Македонија
Screenshot-2025-09-17-at-14.47.11

Бети Котовчевска ја означи новата сезона на ледени капења, продолжувајќи ја традицијата што ја практикува веќе 11 години. Овојпат, како што најави, сезоната ќе ја посвети на жените, нивната сила, нежност и непокорност.

— реклама —

Во својата објава таа опиша дека ледените капења за неа претставуваат простор во кој се повлекува секојдневната врева, а во преден план остануваат здивот, студот и присуството. Тоа е искуство преку кое, како што посочува, човек учи да ги прифати чувствата, наместо постојано да се обидува да ги промени.

Годинава Котовчевска сака да им посвети посебно внимание на жените кои секојдневно водат невидливи битки, на оние кои се борат да бидат слушнати, почитувани и слободни, но и на жените кои ги загубиле животите како жртви на фемицид.

— реклама —

„Нивните имиња не смеат да станат само уште една статистика, ниту нивните животи уште една заборавена вест“, порача Котовчевска.

— реклама —

Таа нагласи дека на жените не им е потребен свет во кој мора постојано да бидат посилни за да преживеат, туку општество во кое ќе бидат безбедни и ќе можат слободно да живеат. Според неа, вистинската сила не треба да се мери само преку издржливоста, туку и преку солидарноста, храброста да се проговори, љубовта и одбивањето да се молчи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryln0cjcri0cce5kV75B6

Од Танкица до Билјана: пријавувале закани и насилство, но не добиле соодветна заштита, па потоа беа убиени

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library37m7avmp66bfc4ax2gX

Втор ден од Регионалната конференција за фемицид: Нови препораки за заштита на жените

Македонија | пред 1 месец

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Над 50 илјади жени годишно се убиени од партнер или член на семејството

Македонија | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

ОН алармира: Секои 10 минути е убивана по една жена – фемицидите достигнаа црн рекорд во 2024 година

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања