Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Ако не се преземе нешто, јас ќе ја земам правдата во свои раце“, рече мајката на претепаната девојка од Битола на блокадата пред Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 25 минути -

Скопје
media-library08m85povt0hd9rSTDIU

Мајката на девојката од Битола, која подолг период била жртва на насилство, денеска на протестот пред Владата во Скопје предупреди дека осомничениот насилник во среда треба да излезе од притвор. Бети Ангеловска побара институциите да ја заштитат нејзината ќерка и другите жртви, прашувајќи зошто за насилството врз девојката му биле одредени само осум дена притвор.

— реклама —

Таа откри дека мобилните телефони биле одземени за вештачење и дека, според неа, на нив има снимки и видеа на кои се гледаат повредите на нејзината ќерка.

— реклама —

„Телефоните се земени на вештачење, во нив има снимки, видеа, материјали на кои се гледа дека цела е претепана. Ако не се преземе нешто, јас ќе ја земам правдата во свои раце“, изјави Ангеловска.

— реклама —

Мајката посочи и дека насилникот најавувал тужба против нејзината ќерка, тврдејќи дека му скршила две ребра. Таа рече дека, според нејзините сознанија, во полицијата нема медицински извештај што ги потврдува тие наводи и отфрли можност за повлекување на кривичната пријава.

— реклама —

Ангеловска ги повика девојките и жените да не трпат насилство и да го пријавуваат, откривајќи дека знаела оти нејзината ќерка се враќала дома со модринки, но секојдневно ја молела да не го трпи насилството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaoee8qp12kvc3Lg2BlX

(Видео) „Тагата е наша, вината е ваша!“: започна блокадата пред Владата против фемицидот и насилството врз жените

Скопје | пред 34 минути

— реклама —
media-library2dk16qfihkrj4Pl4KUC

„Ниту една повеќе“: Денес граѓанска блокада пред Владата против фемицидите

Македонија | пред 6 часа

media-libraryeudjd70gl4nj5XaqqIj

(Видео) „Стоп за фемицидот“ – мирен протест во Богданци по трагичната смрт на Билјана

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2025-09-17-at-14.47.11

„Нивните имиња не смеат да станат статистика“ – Бети Котовчевска со силна порака против фемицидот

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања