Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Низа полициски акции: Осум лица лишени од слобода поради дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library152ihem7tg9ueVgKyF8
Илустрација

Осум лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во повеќе одвоени случаи поврзани со недозволена трговија и поседување дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Скопје, на подрачјето на Центар, во првите минути по полноќ бил приведен 34-годишниот Р.М., кај кого била пронајдена марихуана. Претходно, на подрачјето на Карпош бил лишен од слобода и 37-годишниот Е.М., кај кого била пронајдена бела прашкаста материја.

Во КПУ Затвор Идризово бил приведен 37-годишниот Ф.А. од скопското село Грчец, вработен во установата, откако при влез во видувалната оставил кафеава прашкаста материја на рафт.

— реклама —

Во Струга бил уапсен 54-годишниот А.Н., кај кого била пронајдена опаковка со бела прашкаста материја, додека во Неготино бил приведен 17-годишник, кај кого била пронајдена цигара со зелена растителна материја.

— реклама —

Во Прилеп, пак, полицијата лишила од слобода двајца малолетници, откако при преглед кај едниот од нив била пронајдена марихуана.

На Граничниот премин Табановце, при влез во државата, бил приведен и 42-годишниот Т.Ц. од Унгарија. При контрола на неговото возило и личниот багаж биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави и поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Турски државјанин баран за убиство во Македонија уапсен на граничен премин во Албанија

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-librarymq4e4hct6a5nf4hS35g

(Видео) Откриен и санкциониран скопјанецот кој со камион истураше градежен шут на зелена површина

Македонија | пред 9 часа

media-libraryv5rp0p9i7q99amaitxz

Дрога, дигитални ваги и пари пронајдени при претрес во дом во Велес

Македонија | пред 10 часа

media-librarymoi56gags4e9fDeie1C

Двајца дрвокрадци приведени во прилепско и крушевско, одземени нежигосани дрва

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања