„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Њујорк тајмс: Десет деца починале од ковид вакцинација, постои документ на американската Администрација за лекови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Американската Администрација за храна и лекови (FDA) во внатрешен документ навела дека најмалку десет деца можеби починале како последица од вакцинација против ковид-19, пренесе „Њујорк тајмс“. Како потенцијална причина за смртните случаи е наведена појава на миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул, кое во ретки случаи може да се јави по примена на одредени вакцини.

— реклама —

Документот го составил главниот медицински и научен службеник на FDA, Винај Прасад, но во него не се наведени ниту возраста, ниту здравствената состојба на децата, како ни тоа која од вакцините против ковид е поврзана со пријавените случаи. Притоа нема официјална потврда за дефинитивна причинско-последична врска, туку се работи за интерна проценка заснована на пријавени податоци и медицински извештаи.

„Њујорк тајмс“ наведува дека дописот е дел од поширока анализа на ретките несакани реакции по вакцинацијата, кои американските здравствени институции продолжуваат да ги следат и ревидираат. Официјални претставници на FDA досега јавно укажуваа дека вакцините против ковид остануваат безбедни и ефикасни и дека сериозните несакани реакции се исклучително ретки.

— реклама —

Очекувањата се дека институцијата дополнително ќе го разгледа секој од случаите, по што би можеле да следат и нови препораки или разјаснувања за јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

koronavirus-korona-kovid-test

Ковидот замина од насловите, но не и од секојдневието - има болни! Нови доминантни соеви – Stratus и Nimbus

Македонија | пред 4 месеци

koronavirus-korona-kovid-test

Нов тип на коронавирус откриен во Кина

Свет | пред 10 месеци

koronavirus-korona-kovid-test

Регистрирани нови 57 случаи на Ковид: Четири лица починале

Македонија | пред 1 година

infektivna-kovid-ambulanta

Ковид-19 засилено се шири, донација од 11 илјади дози вакцини за Македонија

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања