Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Њујорк Тајмс: Завршува тридецениската меѓународна изолација, посета на папата ја става Северна Македонија на светската мапа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Nujork-Tajms

Весникот Њујорк Тајмс во текст под наслов „Посета на папата Франциск ја става Северна Македонија на светската мапа (Visit by Pope Francis Helps Put North Macedonia on the Map)“, пишува за денешната историска посета на папата на нашата земја.

— реклама —

-Откако горчливиот спор за името со Грција конечно се реши и членството во НАТО се очекува до крајот на годинава, Северна Македонија доби уште еден знак дека нејзината речиси тридецениска меѓународна изолација завршува: се случи првата папска посета на земјата, пишува весникот.

— реклама —

Во текстот се потсетува на патот на нашата земја од независноста до Договорот од Преспа и промената на името и очекуваниот влез во НАТО, како и олеснување на патот кон ЕУ.

-Сепак, не сите присутни го споделија ентузијазмот на папата за овие случувања, пишува весникот и пренесува дел од говорот на претседателот Ѓорге Иванов, претставувајќи го како еден од противниците на договорот кој одбива да го користи новото име. Њујорк Тајмс пишува и дека Иванов е на самиот крај на својот мандат и дека неговиот наследник Стево Пендаровски е поддржувач на договорот.

Во текстот е пренесена и изјава на премиерот Зоран Заев, како и дел од говорот и пораките на папата Франциск.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања