Промени тема
Контакт

Нов бран врнежи се движи кон Македонија: Дополнително ќе залади во следните часови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Во следните часови, како и вечерва под влијание на нов влажен воздушен бран од запад и од северозапад, во Македонија, особено во северните и во западните предели ќе има нови врнежи од дожд со променлив интензитет. Преку денов и тоа особено во југозападните предели ќе дува засилен ветер од југозападен правец, додека кон крајот на денов и вечерва ветерот ќе го промени својот правец во западен и во северозападен, и повеќе ќе биде изразен Долж Повардарието.

И во Скопскиот регион во следните часови, како и вечерва ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека кон крајот на денов ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

— реклама —
— реклама —

Максималната температура денес ќе се искачува во интервалот од 15 до 24 степени, во Скопје таа ќе достигне до околу 21 степен. Да напоменеме за време на овој влажен бран, локално во северните и во западните предели од државава ќе наврнат над 15 литри дожд на м/2.

— реклама —

Поради продор на уште поладен воздух од север, кон крајот на денов и во текот на ноќта се очекува дополнително заладување на времето, па така на високите планински места низ Македонија ќе има услови и за провејување на снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања